Кога сте на страница која сакате да ја уредите, стиснете на табот уреди кој се наоѓа на самиот врв на страницата.
Кога кликнувате на уреди, се појавува текстот на страницата во рамката за промени, каде можете да го уредувате текстот по Ваша желба.
Преглед пред зачувување на промените
Кога сте готови со промените, задолжително стиснете на копчето Прегледај, кое се наоѓа под рамката за промени. Тоа копче ќе ви покаже како ќе изгледа новиот текст кога ќе го зачувате. Ако не сте задоволни, продолжете со промените, а потоа повторно стиснете Прегледај.
Опис
Откако сте ги направиле сите промени, внесете во малето поле под рамката за промени (таму каде што пишува Опис) каква промена сте извршиле (бидете кратки!) - тој опис ќе се појави на страницата Скорешни промени. Потоа стиснете на копчето Зачувај ја страницата. Страницата тогаш ќе биде зачувана на Викиизвор.
СОВЕТ: Ако имате намера да правите поголеми измени или да пишувате подолг текст, подобро е најпрвин да го ископирате стариот текст на својот компјутер (користејќи Notepad или некој друг уредувач на текст), таму уредете го, а потоа конечната верзија ископирајте ја во рамката за промена на текстот на страницата. Тоа е корисно и затоа што можете да ги чувате текстовите на Вашиот комјутер, па можете да го дополнувате и кога не сте поврзани на интернет (со што штедите пари ако немате ADSL или друга постојана интернет врска).
СОВЕТ 2: Ако статијата треба подолго време да се уредува (неколку часа) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната поставете {{во изработка}} (со две големи загради).
За напредните
Откако ќе создадете и ќе зачувате нова страница, добро е да го направите следново:
На таа страница стиснете на текстот Што води овде? на левата страна, под лентата за пребарување, за да проверите дали има статии кои веќе водат кон неа и дали го користат истото значење кое Вие сте го искористиле;
Проверeте на Google за сите страници на Викиизвор на македонски јазик, каде се спомнува името на статијата која сте ја уредувале и направете викиврски кон истата.
Проверете дали има статии на иста тема на другите јазици на Викиизвор и ставете ги како интервики врски во статијата.