Помош:Содржина
|
|
Конвенции
[уреди]Потребно е да се следат одредени конвенции за наслов на подигнати материјали на заедничката ризница.
- Книга: Оригинален наслов на книгата
- Списание: Оригинален назив на списанието, број
- Ракописи: Автор на ракописот, опис на ракописот
Транскрипција
[уреди]Откако ќе се формира индексна страница, системот ви овозможува брза навигација од една на друга страница од материјалот. Од десната страна се наоѓа соодветната страница на скенираниот материјал а од левата страна се наоѓа транскрипцијата на текстот.
Доколку на страницата има и слики, цртежи, графикони или сл. Истите може дополнително да се обработат и подигнат на Заедничката ризница и да се искористат на транскриптираната страница.
Системот нуди можност и за автоматско оптичко препознавање на текстот. Успешноста на оптичкото препознавање е директно зависна од квалитетот на скенираниот материјал.
Секој може да пристапи кон транскрипција на материјалот на соодветните страници.