Страниците за разговор се клучен елемент на Викиизвор, бидејќи ја нудат можноста за дискусија за статиите и за други проблеми меѓу корисниците.
Ако сакате да поставите прашање за некоја статија, или имате некоја грижа или коментар, можете да ставите забелешка во делот за разговор на секоја статија. Тоа го правите со кликање на табот „Разговор“ на врвот на страницата. Не грижете се ако врската е во црвена боја; во ред е да ја создадете страницата за разговор ако таа веќе не постои.
Кога постирате нов коментар, ставајте го на дното на страницата за разговор. Исклучок е кога одговарате на забелешките на некој друг, тогаш го ставате Вашиот коменар под нивниот. Можете да го индентирате коментарот преку внесување на две точки (:) на почетокот на редот.
Потребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги употребуваат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис која автоматски вметнува "-~~~~".
Можете да добиете корисничко име преку создавање на сметка (100% слободна постапка). Ако немате сметка, или имате, но не сте логирани, за потпис ќе биде искористена IP адресата на Вашиот компјутер.
Кориснички страници за разговор[уреди]
Секој Викиизворнец има корисничка страница за разговор на која другите Викиизворнци можат да остават пораки. Ако некој Ви остави порака, ќе добиете ознака која вели „Имате нови пораки“, со врска до Вашата корисничка страница.
Можете да одговорите на било кој од двата начини. Еден е да ставите порака на страницата за разговор на корисникот на кој му реплицирате. Друг начин е да одговорите на сопствената страница за разговор под оригиналната порака. И двата начина се чести на Викиизвор; сепак, бидете свесни дека со одговарањето на сопствената страница за разговор го носите ризикот дека Вашата реплика нема да биде видена ако другиот корисник повторно не ја отвори Вашата страница за разговор. Ако го одберете овој пристап, добра идеја е да ставите забелешка на врвот на страницата за разговор за луѓето да ја набљудуват страницата.
Индентирањето значајно го подобрува изгледот на една дискусија, правејќи ја полесна за читање. Стандардна пракса е да ја индентирате Вашата реплика едно ниво подлабоко од онаа на личноста на која реплицирате.
Постојат неколку начини на индентација на Викиизвор:
Наједноставниот начин за индентирање на текст е преку ставање на две точки (:) на почетокот на редот. Колку повеќе две точки ставате, толку подлабоко ќе биде поместен текстот. Новиот ред (притискање на Enter или Return) го означува крајот на индентираниот параграф.
На пример:
- Ова е сместено на левата страна.
- : Ова малку е индентирано.
- :: Ова е повеќе индентирано.
се прикажува како:
- Ова е сместено на левата страна.
- Ова малку е индентирано.
- Ова е повеќе индентирано.
Исто така можете да вршите индентација со подточки, обично употребени за листи. За да внесете подточка, употребете ѕвезда(*). Слично на индентацијата, повеќе ѕвезди пред еден параграф значи поголема индентација.
Краток пример:
- * Прв елемент од листата
- * Втор елемент од листата
- ** Елемент-подлиста на вториот
- * Трет елемент од листата
се прикажува како:
- Прв елемент од листата
- Втор елемент од листата
- Елемент-подлиста на вториот
- Трет елемент од листата
Можете да создадете и нумерирани листи. За ова, употребете го симболот за број, или тараба(#). Ова најчесто се употребува за анкети и за гласања. Повторно, можете да влијаете на индентацијата преку бројот на # симболи што ќе го употребите.
Пример:
- # Прв елемент
- # Втор елемент
- ## Елемент под вториот
- # Трет елемент
Shows up as:
- Прв елемент
- Втор елемент
- Елемент под вториот
- Трет елемент
Еве еден пример на добро форматирана дискусија:
Здраво! Јас имам прашање за оваа статија. Прилично сум сигурен дека портокаловите слонови живеат само во Скопје! Мислам дека тоа е општо познат факт. СтојанчеМајсторот 17:18, 22 јуни 2008 (UTC)
- Па, последниот пат кога бев во Скопје, слоновите кои јас ги видов беа зелени. — Хатори Ханзо 17:32, 22 јуни 2008 (UTC)
- Мислам дека треба да најдете извор за Вашите тврдења.Emogirlz69 18:54, 22 јуни 2008 (UTC)
- Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:
- Слоновски журнал
- Дамбо-ролинг-стоун
- — СтојанчеМајсторот 07:14, 23 јуни 2008 (UTC)
- Јас живеам во Австралија, каде слоновите личат на кенгури! Луѓето долу се согласуваат со мојата изјава:-DontUMateMe 12:22, 23 јуни 2008 (UTC)
- Elafantist 01:37, 23 јуни 2008 (UTC)
- ЌеГласамЗаСекој 04:04, 24 јуни 2008 (UTC)
- 1337Hax0rDude 17:58, 24 јуни 2008 (UTC)
Луѓе, вие сте премногу сериозни за слоновите. јас повеќе сакам пајаци
Ако сакате да вклучите листа во Вашите коментари треба да додадете две точки пред секој елемент од листата, на пример:
- ::: Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:
- ::: * ''Слоновски журнал''
- ::: * ''Дамбо-ролинг-стоун''
- ::: ~~~~
Исто така, потпишувањето на Вашата порака се врши преку:
- Пишување на ~~~ за името (СтојанчеМајсторот), или
- Пишување на ~~~~ за името и датумот (СтојанчеМајсторот 18:54, 24 јуни 2008 (UTC)), или
- Пишување на ~~~~~ само за датумот (18:54, 24 јуни 2008 (UTC)).
Обично треба да се потпишувате и со име и со датум, но гласовите често се потпишани само со име.
Експеримент! Овoј пат, наместо уредување во песок, оставете порака на страницата за разговор. Запомнете да го потпишете Вашето корисничко име. Можете да се обидете и да одговорите на постот на некој друг. Треба да го употребите копчето „Прегледај“ за да видите дали Ви успеало форматирањето пред да зачувате.
|