Зборник на Миладиновци/ 661 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

660 песна 661 песна

од Браќа Миладиновци
662 песна
на современ македонски правопис.


Девојко црнокласице,
Црно ми срце за тебе,
Како гајтанот на тебе!
Ела, девојко, по мене,
Ела ми на наш виљает,
Тамо је лепо убоо,
Тамо ми греат две с'нца,
Две с'нца, две месечини,
Два п'ти жито се роѓат,
Два п'ти грозје ми здреит,
Два п'ти овци се јагнат.