Зборник на Миладиновци/ 660 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

659 песна 660 песна

од Браќа Миладиновци
661 песна
на современ македонски правопис.


„Еј девојко, не толку убаа,
Да што ми си срце умилила!
Ели си ми магиа сторила?
Ели си коња биљосала?
„Еј јуначе црноок невене!
Да не сум ти магиа сторила,
Ни пак сум ти коња биљосала;
Магиа се мојте црни очи,
Блена биље, мое бело грло.”