Зборник на Миладиновци/ 662 песна

Од Wikisource

661 песна 662 песна

од Браќа Миладиновци
663 песна
на современ македонски правопис.


От поста излегла девојко,
На брата си говорит:
„Брату ле, брате Стојане!
Подај ми вода студена,
Најди ми сенка дебела!”
Стојан је веле говоре:
„Сестро ле, сестро Елено!
Тук нема вода студена,
Hи има сенка дебела;
Дојди во гора зелена,
Донеси вода студена;
Дојди во гора зелена,
Там има сенка дебела.”