Зборник на Миладиновци/ 657 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
656 песна 657 песна

од Браќа Миладиновци
658 песна
на современ македонски правопис.


Бог да убиет твојата мајка!
Што ми те пушти доцкна на гости,
Доцкна на гости со невестата;
С'нце те зајде во ливагето,
Мрак те замрачи долу пот село,
Ми те најдое земски сејмени,
Те загубие дете Јоанче,
Ти пограбие млада нееста.