Зборник на Миладиновци/ 658 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

657 песна 658 песна

од Браќа Миладиновци
659 песна
на современ македонски правопис.


Жнала Мара жолто просо,
Поминале кираџии.
Едно мало кираџивче,
Тоа Маре је велеше:
„Ајде да се натжниваме,
Ако тебе те натжниам,
Да ми даиш кован гердан;
Ако мене ме натжниеш,
Ке ди даам брза коња.”
И Мара му говореше:
„Ако тебе ја натжниам,
Не ти сакам брза коња,
Туку тебе добар јунак
Добар јунак да те земам.”
Си фатиле да жнијеет;
Жнала, жнала бела Мара,
Жнала, јунака натжнала,
И јунака си го зела.