Зборник на Миладиновци/ 654 песна

Од Wikisource

653 песна 654 песна

од Браќа Миладиновци
655 песна
на современ македонски правопис.


От Солун станаф во Корча дојдоф
Во Корча дојдоф, на камен седнаф;
Тога го најде Иса ананка:
„Арно те најдоф да те опитам,
Ели вистина џејнк се сторило
Во мирна земја во Мориоо?” –
„Кој ми ти казал, не те измамил,
Вистина тамо џејнк се сторило.
Првата пушка, што ми пукнала,
Тогаш ми падна сам Џафер-ага
Сам Џафер-ага твојот стопан;
Втората пушка што ми пукнала,
Тога ми падна твоето брате;
Треќата пушка што ми пукнала,
Тога ми падна твоето дете.”