Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 653 песна

Од Wikisource
652 песна 653 песна

од Браќа Миладиновци
654 песна
на современ македонски правопис.


Де гиди Гидо, гиди убаа!
Твоето лице в црков написано.
Бог ми го убил силнион ветар,
Што ти зиљоса на твое лице,
Та те отвеа стрет бело море;
И те догледа Јоан гемиџија,
И ми те фати за десна р'ка,
И те кладе в шарена гемиа,
В шарена гемиа, на мека постеља.