Зборник на Миладиновци/ 652 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

651 песна 652 песна

од Браќа Миладиновци
653 песна
на современ македонски правопис.


„Високо стоиш, ѕвездо ле, далеку гледаш,
Да не и виде - мојте два брата?”
ÂВидоф и видоф - крај црно море,
На стол седее - книга пишее,
С'лѕи ронее - сокол ранее,
Сокол ранее - и му велее:
Та ке те пуштам - на горна земја,
Ти да ми видиш, Ѕвеѕдо ле, која коа је;
Ако ј е пролет - пролет Петровден,
Да ми донесиш - до три класои,
Бела пченица - шесторедица,
Шесторедица - црнокласица;
Ако је есен - есен Митровден,
Да ми донесиш - два грозда грозје,
Два грозда грозје - два синамбеља.