Зборник на Миладиновци/ 651 песна

Од Wikisource

650 песна 651 песна

од Браќа Миладиновци
652 песна
на современ македонски правопис.


Благуно, благо јаболко!
Ручај, поручај јаболко,
Дур да ти дојдит јагнето,
От Кара-орман крадено,
На Кара-камен заклано,
На К'пинчица печено,
С фрушки ножина сечено,
Во злата тепсја редено,
При чесна кума ставено.