Зборник на Миладиновци/ 644 песна

Од Wikisource

643 песна 644 песна

од Браќа Миладиновци
645 песна
на современ македонски правопис.


„Што коња коиш, ерген Димитрија, к'де ке одиш?”
„Јас ке си одам - на силна војска”
„Зашт' не ми каза - три дни понапрет,
Јас да ти напр'ам - сејменско руво,
Да ти сошиам - кнока кошуља,
И да ти напр'ам - морна долама,
И да ти купам - чифне пиштоли,
Чифне пиштоли - и тонка пушка?”