Зборник на Миладиновци/ 643 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

642 песна 643 песна

од Браќа Миладиновци
644 песна
на современ македонски правопис.


К'де се чуло видела,
Санџак девојка да бидит,
Калци со копци да носит,
Бели елеци петлици,
Санџак девојка да бидит
Со сто ј пендесет санџаци!
Ми ја догледа Санџак-бег,
Со сто ј пендесет санџаци,
„Егиди санџак девојко!
Ја многу села сум шетал,
Как' тебе не сум видело,
Санџак девајка да бидит
Со стој пендесет санџаци,
Калци со копци да носит,
Бели елеци с петлици!”