Зборник на Миладиновци/ 642 песна

Од Wikisource

641 песна 642 песна

од Браќа Миладиновци
643 песна
на современ македонски правопис.


Заплакала ми голема нива,
Голема нива на врф планина:
„Оф леле боже, оф мили боже;
Как не се најде најдобар јунак,
Да ме изорат, да ме посеит
Бела пчеинца црнокласица!
Да му наполна девет амбари,
Да си оженит девет синои.
Да си ом'жит девет девојки
Да си покрстит девет мнучина.”
Н збор се најде најдобар јунак,
Ми ја изора, ми ја посеа,
Бела пчекнца црнокласица,
И му наполна девет амбари,
И си ожена девет cинои,
И си ом'жи девет девојки,
И си покрсти девет мнучина.