Зборник на Миладиновци/ 638 песна

Од Wikisource

637 песна 638 песна

од Браќа Миладиновци
639 песна
на современ македонски правопис.


Пофалил се богат Иво:
„Јас сум богат и пребогат
И от цара и везира,
Стреде дворје лепа куќа,
Диреѕите позлакени,
До две м'ски обружани “
От збор на збор цару пошло,
Пушти царот три абери,
Ми го зеде богат Иво.
Царот велит и говорит:
„Што си било, и весело?
Ти си богат и пребогат
И от цара и везира.”
Па говорит богат Иво:
„Не сум богат со стоката,
Тук сум богат со куќата,
Това што је лепа куќа,
Това ми је домакинка;
Диреѕите позлакени,
Тие ми сет синовите;
А м'ските обружени,
Тија ми сет мили керки.