Зборник на Миладиновци/ 635 песна

Од Wikisource

634 песна 635 песна

од Браќа Миладиновци
636 песна
на современ македонски правопис.


Има мајка мила сина,
Мила сина Костадина,
Промени го, накити го
Во свилено, копринено,
Опаши му свилен појас,
Закачи му стребрен дивит,
Дај му в р'це бела книга,
Па пушти го на манастир,
Да се учит бела книга
Бела книга, црно писмо.
Си го чекат три години,
Тој научи в три месеци
И си дојде дури дома.