Зборник на Миладиновци/ 633 песна

Од Wikisource

632 песна 633 песна

од Браќа Миладиновци
634 песна
на современ македонски правопис.


Она страна оган горит,
Ветер веит не го силит,
Роса росит не го гасит.
На ми било силен оган,
Току била божја мајка;
Сина носит на крштење,
Да го крстит свети Јован.