Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 627 песна

Од Wikisource

626 песна 627 песна

од Браќа Миладиновци
628 песна
на современ македонски правопис.


До три сестри лозје садат,
Постарата изговори:
„Варај сестро, ти помала!
Кому лозје си садиме,
Ние брате си немаме!”
Помладата говореше:
„Варај сестро, ти постара!
Ако брата си немаме,
Мајка ни је уште млада,
Белки ке ни брата стигнит,
Нему лозје си садиме.”