Зборник на Миладиновци/ 628 песна

Од Wikisource

627 песна 628 песна

од Браќа Миладиновци
629 песна
на современ македонски правопис.


Елевор си коња коит,
Невеста му узда држит,
Узда држит свеќа светит
Под калинки, под малинки,
Под црвени трандафили;
Лудо младо вода водит,
Вода му се не водеше,
Нешто му ја препинаше,
Морска риба златокрила;
Не ми била морска риба,
Туку било лепо моме.