Зборник на Миладиновци/ 621 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

620 песна 621 песна

од Браќа Миладиновци
622 песна
на современ македонски правопис.


Дење ми те гледам, ноке ми те сонвам,
Дење ми ходиш близо до менека
Ноке ми легнуваш на десната р'ка
На десната р'ка, на правата стр'на.
Се разбудил лудо, р'ка устрпнала
Р'ка устрпнала, мома избегала;
И на перничката веле, ем говоре:
,,Перничко душманко, како ми момата?"
„Чужда беше, лудо, дома си отиде,
При нејзина мајка, при нејниот татко.”