Зборник на Миладиновци/ 622 песна

Од Wikisource

621 песна 622 песна

од Браќа Миладиновци
623 песна
на современ македонски правопис.


Вјахнал јунак брза коња
Да отишол честа гора,
Лов да лове диви пилци,
Диви пилци, јеребици.
Не изловил диви пилци,
Тук изловил малка мома
Променена наредена
Како китка накитена,
Като перо насузено.
Да га фати за р'ката
За р'ката за калбата,
Та га метна на коњата,
Та га носи у свој доми.