Зборник на Миладиновци/ 617 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

616 песна 617 песна

од Браќа Миладиновци
618 песна
на современ македонски правопис.


„Девојко, душо Сардеа
Зашто ми си насрдена?
Симит ми ти је лицето?
Череши ти се очите?
Шекер ми ти је устата?
Што не ми мене зборуваш?
Што не ме с очи погледнаш?”
А она веле, говоре:
„Еј море лудо, да младо!
Сношти с'м било за вода
С моите верни другачки;
Мајка ти стоеше на порта,
Мене ме резил чинила,
Пред моите верни друшки.
Девојко, душо Сардеа.
Стига ми л'жа детето,
До сега ке го армасах,
До сега ке го уженеф,
Ем невестата донесеф,
От тебе, момо, похарна,
И от тебе похубава.”
Он је веле, ем говоре:
„Девојко, душо Сардеа!
Немој ти слушај мајка ми,
Мајка ми стара не знаит,
Мајка ми к'шта не гледат,
Мајка ми димен не држе;
Сос мене к'шта ке гледаш
Сос мене димен ке држиш.”