Зборник на Миладиновци/ 618 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

617 песна 618 песна

од Браќа Миладиновци
619 песна
на современ македонски правопис.



„Ангелино што си толку
Кахарлиа, натегеа,
Дворје метиш с'лѕи рониш?”
„Варај дружки, мили дружки!
Кад' да не с'м натегеа?
Сношти дошол Радич јунак,
Сношти дошол, сношти пошол
От војската Анадолска
Анадолска Казалбашка.
Уште в порти ни је влезел,
Уште чизми не си собул,
Уште чубук не запалил,
Долета ми малко пиле,
Малко пиле се бела книга,
Да му веле, ем говоре:
„Што чине, да чине Радич.
Скоро тамо да си појде
На војската Анадолска,
Анадолска, Казалбашка,
Батисаа корабјето,
Чисти свити, ем камухи.”