Зборник на Миладиновци/ 614 песна

Од Wikisource

613 песна 614 песна

од Браќа Миладиновци
615 песна
на современ македонски правопис.


Руса мома, Русин брала,
Русин брала, ден гинала,
Дек' го брала загинала.
Го набрала три товара,
Товарила товарето,
Попаднала темна м'гла,
Заросила ситна роса,
Та збркала п'тиштата,
П'тиштата, друмиштата.
Налетила на овчари,
Она веле ем говоре:
„Ти се мољам, ти се клањам,
Да ме носиш дур' дoмака,
Ке ти дадам тенка риза,
Мајка ленена кошуља
Баче мои тенка пушка.”
Да отишол до домака,
На мајка је си викаше:
„Искарај ми отламници,
Да го главам овчарчето.”