Зборник на Миладиновци/ 595 песна

Од Wikisource

На женет Турчин 595 песна

од Браќа Миладиновци
На Турчин големец
на современ македонски правопис.


Попаднал ми Каплан паша,
Низ Цибрина рамно поле,
И ми удрил два чадора,
Еден зелен, други црвен,
Пот црвен ми вечерало
Под зелен ми нокеало.
И поминаф крај портите
Му ја видоф кад'ната,
Лепо беше промената
Промената, наружена,
Ѓумиш пафти опасана,
Алтанчина на челото,
Дробен бисер на грлото.