Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ На Турчин големец

Од Wikisource

595 песна На Турчин големец

од Браќа Миладиновци
На оро
на современ македонски правопис.


Седнал ми је довлет ага
Во одаи во сараи,
Вр'ка држит чаша кафе.
Ми долета лепо пиле
Лепо пиле соколоо,
И му падна на рамена;
Стрептит пиле со криљата,
Му нараси чаша кафе,
Мадри-ага говореше:
„Ајде вие мој сејмени!
Што стоите што гледајте,
Донесите лак и стрела,
Устрељајте ова пиле
Ова пиле соколоо!”
Пиле му се отгоори:
„Ајти тебе Мадри-ага!
Не сум дошло за стрељање!
Тук сум дошло глас донесло;
От цара сум допуштено,
И от цара и от краља;
Царот имат мила cинa,
Оба да се сусватите
Сусватите сузеите,
И пак да се понашвите,
Како нива со пчеинца,
Како овци со јагнина,
Како цвеке во градина.