Зборник на Миладиновци/ На женет Турчин

Од Wikisource

На неженет Турчин На женет Турчин

од Браќа Миладиновци
595 песна
на современ македонски правопис.


Јасна, јасна месечина!
Јасна да би постоела,
Дур' да појда, дур' да дојда,
Да је вида прва љубов
Прва љубов Ангелина,
Ангелина посестрима;
Али ми је вечерана
Вечерана и легната;
Вити порти затворени
Со две перја паунои.
Викаф, викаф, дур' осипнаф,
Кљукаф, кљукаф дур се скључиф
Та се фатиф за два кола
За два кола, за два бора,
Та си влегоф во градина
Та си набраф киска цвеке,
Та си влегоф во земјен керал,
Си наточиф рујно вино,
Си наквасиф киска цвеке,
И си влегоф в одаа,
Со попарсках невестица,
Невестица бела лице.