Зборник на Миладиновци/ 573 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
572 песна 573 песна

од Браќа Миладиновци
574 песна
на современ македонски правопис.


„Болен си лежам, јас ке си умрам
От тршка болест, от силна треска,
От силна треска, от силна глава.”
„Не бој се, сину, от таква болес,
От таква болес, от таква треска.
Што не ми каза, сину, три дни понапрет,
Да ти напишам, три хамајлии,
Прва за глава, втора за треска,
Втора за треска, треќа за срце.”