Зборник на Миладиновци/ 571 песна

Од Wikisource

570 песна 571 песна

од Браќа Миладиновци
572 песна
на современ македонски правопис.


Ранила мома биљбиља
До дванаесет години,
утро и вечер со шекер,
А на пладнина со с'лѕи;
Биљбиља ми се посврши,
Биљбиљу не му казала,
Биљбиљот ми се наљутил,
Ми је побегнал далеку,
На сухо дрво черешна,
Мошне ми лепо попеал:
„Невесто, лепа невесто!
Земај ме мене со тебе,
Јас да те рано скоривам;
Стани ми, стани, невесто,
Свекрва вода донесла,
Јатрви ручек зготвиле,
Золви ти дворје пометле,
Свекор ти кафтан ти скроил,
Девери ти гo сошиле.”