Зборник на Миладиновци/ 561 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

560 песна 561 песна

од Браќа Миладиновци
Кога прстенват девојката
на современ македонски правопис.


Потаи сја јасно сл'нце,
Постој и погледај
Ка се чедо дели
От рождена мајќа,
От рождени башта,
От рождени брата,
От рождени сестри;
Та си отважда
При момкова мајќа,
При момкови башта,
При момкови брата,
При момкови сестри,
При момкова рода.