Зборник на Миладиновци/ 560 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кога да седнат сватовите 560 песна

од Браќа Миладиновци
561 песна
на современ македонски правопис.


Изникнала комоника
Пот неја је млат неженет,
За вода је тој жеден;
Кој му по п'т поминует,
Се му нему нар'чует:
„Како знаит мојот татко,
Тој вода да донесит.”
И ете го негов татко,
Вода нему не му носит,
Тој му носит суво грозје,
Суво грозје леблебии.
Изникнала комоника,
Пот неја је млат неженет,
За вода је тој жеден:
„Како знаит мало моме,
Вода тоа да донесит,
Да отжедит моја жедост,
Да охладит мое грло.”
И ете го мало моме,
Вода моме кај му носит.
Си се напи, се охлади,
И срце си овесели.