Зборник на Миладиновци/ 543 песна

Од Wikisource
Кога готват зетот 543 песна

од Браќа Миладиновци
Кога готват невестата
на современ македонски правопис.



Преврлила се к'пина,
Преко висока планина,
Да во Јанина градина.
Не била Јанина градина;
Тук била Јанина мајка,
Посвршила си девојка,
Милошy зету зборува:
„Милоше, зете Милоше!
Многу сватови да каниш,
Многу сум дара зготвила,
На секи сват по коња,
А на нункото два коња,
На старосват м'ска ковена.