Зборник на Миладиновци/ Кога готват невестата

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
543 песна Кога готват невестата

од Браќа Миладиновци
Кога у зетот плетат венец за невестата
на современ македонски правопис.



Повали се дрво бршленово:
„Како мене нигде друго немат,
Лете зиме зелено си стојам;
Роса росит, не ме наросуват;
Ветер веит, не ме занишуват;
Слана слани, не ме усланува.
Откако ме мајка посврши,
Слана сланит и ке ме усланит,
Ветер веит и ке ме занишат;
Роса росит и ке ме наросит.“