Зборник на Миладиновци/ Кога готват зетот

Од Wikisource
Кога да вијат венецот Кога готват зетот

од Браќа Миладиновци
543 песна
на современ македонски правопис.


Соколе ситен, димитен,
Не летај горе високо,
Не шири криља широки,
Не вaќaj сенка голема;
Под сенка седат златари,
Златни си седла златеха,
Златени узди лееха,
Далеку мисљат да одат,
По сиротица Драгана,
Драгана никого немат,
Еден си браток Никола,
Една си снаа Митана.