Зборник на Миладиновци/ 53 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малечок Јован 53 песна

од Браќа Миладиновци
Патроново покалугервење
на современ македонски правопис



Та чyло ли с' разбрало
Какво с' је чудо сторило!
Да је за њашто, ни за што;
Владика беда бедило,
Че либи булче емирче.
Из черкови го извеле
В џемија го вовеле,
Сињо му џубе саблекле,
А зелено му облекле;
Златна корона свалиле,
Шарена чалма завиле,
И хоџата си викале
Владика да кимбињаса (?)
За пусто булче емирче.
Дето си булче стоеше,
Земја с' на две препукна,
И булче в земја пот'на;
Дета владика стоеше
Сини огњове гореха.
Ка го видјаха Турците,
Тие са турски кланеха
И турски са молеха.
И владиката са турски клањаше,
Кавурски бога молеше:
„Стори ма боже стори ма,
Стори ма и направи ма
На какво годе пиленце,
Далеко да си захвркна
Вов Светогорски манастир,
Та прјадна слуга да стана!”
Де стоја господ, та слуша,
Та си го стори направи
На сиво п'стро пиленце,
Та си далеко захвркна,
На Светогорски манастир,
Та прјадна слуга је станал.