Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Малечок Јован

Од Wikisource
Сирак Јован Малечок Јован

од Браќа Миладиновци
53 песна
на современ македонски правопис


Стигнала је Струмница невеста,
Стигнала је едно м'шко дете;
Го крстиле малечок Јоана,
С нога го љуљат со уста му пеит:
„Нани ми, нани малечок Јоане!
Два дни те гледаф, колку две години,
Три дни те гледаф, колку три години.
Ти ми имаш голема нишана,
На чело имаш крст позлакен,
Ако бог да и сугено бидит,
Ке му земиш цару царштината!”
Ја дочуле клетине комшии,
Ја наклеветиле дур при царот.
Цар ми прати до два чоадара,
Да ми земет тоа м'шко дете.
Два чоадара порти ми кљукват:
И портата им се отвори.
Си грабнаа м'шко дете,
Го однесоа дури при цара.
И цар им велит на чоадари,
„Варлете го в атојте да г' изгазет.”
Го варлие тие в атоите,
А това се качи на атои!
„Варлете го в силна вурна д' изгорит.”
Го варлие тие в силна вурна;
Кога сутра го видоа дете,
Скрсноѕе тоа к'де седит,
И ми пеит бела книга.