Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Патроново покалугервење

Од Wikisource
53 песна Патроново покалугервење

од Браќа Миладиновци
Четири ангели
на современ македонски правопис



„Патроно моме Патроно,
Патроно пиле шарено!
Што је ова чудо од тебе?
К'та година крвнина,
Ова година два крва!
Што је ова ситно плетење?
Што је ова бела носење?
Што је ова левен одење?”
Је се нажали Патроне.
От куки стана Патрона,
Та си изваде рувото,
Та си завали два огна;
В едниот варли рувото,
Во други врли дарои;
Та си отиде в Манастир.
Патрона ли им викаше:
„Калугерици мајчици!
Има ли место за мене,
И црна раса за става?”-
„Патроно моме Патроно,
Патроно пиле шарено!
Имаме место за тебе,
И црна раса за става;
Имаме млади ѓачиња,
Ѓачиња ке ни премамиш,
Лицето да си погрубиш,
Косата да си посмолиш,
Така ти дој си в манастир.”
И тотај стана Патрона,
Та си изгруби лицето,
Та си посмоли косата.
Кога си лице грубеше,
Жешки камења падвеа;
Кога си коса смолеше,
Крваа роса росеше.
Так ја примиа в манастир,
Калугерица да бидит.