Зборник на Миладиновци/ 525 песна

Од Wikisource
Кога одат по невеста 525 песна

од Браќа Миладиновци
526 песна
на современ македонски правопис.



Никола шетат низ гора,
Во р'ка држит сокола;
Сокол му лепо вореше:
„Никола, море Никола!
Подотпушти ми ремења,
Подотпушти ми пет'лици,
Далеко да си отлетам
Дур девојкини дворои,
Да је пор'чам, нар'чам,
Да везит риза зетоска,
A на свекрва марама,
A на свекорот кошуља,
A на деверот појасот!