Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога одат по невеста

Од Wikisource
Кога одат за невеста Кога одат по невеста

од Браќа Миладиновци
525 песна
на современ македонски правопис.



Раскарал се Нико и Никола,
На онаа убаа девојка;
Нико велит ја ке ја зе'а,
А Никола ја ке ја зе'а.
Нико собра две киљади сватој,
А Никола три киљади сватој.
Поминае низ гора зелена;
Нико врвит преку Нико поле,
А Никола преку Шар планина.
На девојка абер је обиде;
Девојка је умна и разумна,
Ми се качи на диван високи,
Што ми гљаат чудо и големо!
К'де врвет низ гора зелена,
К'де врвет две рала сватои,
По сватои два млади зетои.
Пак си слегвит от диван високи.
Си велит на своја мила мајка:
„А егиди моја мила мајко!
Ја влези си во земни керали,
Та откључи мој шарен ковчек,
Извади ми две ризи зетоски;
Ја се качиф на диван високи,
Што си глеаф чудо и големо,
К'де врвет низ гора зелена
К'де врвет две рала сватои,
По сватои два млади зетои;
Ни за кого, мајка, не се м'жа,
Ни крвнина во куќа си чина,
Ке и фата два брата рогени.”
Си изваде две ризи зетоски,
Си и даде на бела Бојана.
Та и кладе во бели пазуи;
Колку сватој в дворје навлегое,
Мошне лепо ми и пречекае;
А Бојана умна и разумна
Два зетеи во образ и баци,
В образ и баци, и дар си дарва,
Си фати два брата рогени
Си попрати без никоја кавга.