Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 514 песна

Од Wikisource
513 песна 514 песна

од Браќа Миладиновци
Кога ходат на строј
на современ македонски правопис.


Биљана оро водеше,
Никола с камен фрљаше,
Биљана што му зборвеше:
„Никола, маре Никола,
Фрљал си камен, не фрљаш,
Ти је Биљана не земаш,
Тук да си зеиш вдоица
Со дванадесет сираци,
Со тринадесет чивлици.”
Како Биљана му рече,
Никола му се наљути,
Ишетал, што ми прошетал.,
Три девет бели градои
Да барат лепа девојка;
Нигде девојка не најде,
Туку си најде вдоица,
Со дванаесет сираци,
Со тринадесет чивлици.