Зборник на Миладиновци/ Кога ходат на строј

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
514 песна Кога ходат на строј

од Браќа Миладиновци
Кога ја месет сфаќата у девојката
на современ македонски правопис.


Кошничице камарџице полна бисерио,
Орони бисерио 'сем навеселио,
Потекол је силен Дунаф пороит,
Понесол је злата чаша викиа,
Полна рамна рујно вино црвено;
Кому да ја поклон поклониме,
Поклониме чеснетому свекор.
Весели се чесни свекор, веселба је твоја;
Што је овој голем с'бор околу тебе.
Како на грат Јаничари се околу цара.