Зборник на Миладиновци/ 512 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
511 песна 512 песна

од Браќа Миладиновци
513 песна
на современ македонски правопис.


„Димано, млада невесто!
Дали си чуло, разбрало,
От ке те Стојан остаит
Утре, задутре в недеља,
Кога ке доит кадиа
Кадиа пашин делиа?”
„В село сејмени дојдое,
У мене конак кладое,
Се згоди болно сејменче,
Посака пуста понада,
Јатки ореи требени,
Пресни јаболка љупени.”
„Димано, млада невесто!
Што ти је леса меткана,
Што ти је нишан пот грло?”
„Кога дојдое сејмени,
Сакае бели погачи,
Сакае слатки вечери;
Јас немаф да им напраам.”