Зборник на Миладиновци/ 511 песна

Од Wikisource
510 песна 511 песна

од Браќа Миладиновци
512 песна
на современ македонски правопис.


Заспала Рада галена
Заспала надвор пот тремот,
Пот трем на висок одар
На висок одар, под шарен јорган.
Радина мајко рано станува,
Дворје си метит, Рада ми будит.
„Стани ми, стани, галена Радо,
Веке се, Радо, пладнина стори,
Старите баби телци тераат,
Твоите другачки на вода одат.”
Кога погледна Радина мајко,
Белото грло в крв утонало,
Белото лице мухла фатило,
Црните вежи је покапале,
Црната коса је порусела,
Рудата става се раставила.
Викна да плачит Радина мајко:
„Оф леле боже, галена Радо.”