Зборник на Миладиновци/ 510 песна

Од Wikisource
509 песна 510 песна

од Браќа Миладиновци
511 песна
на современ македонски правопис.


Тамо горе пот јаорот
Извор вода извираше
Студена, аман студена.
Што одеше малко моме
На вода, аман на вода,
Што имаше црни очи,
Што имаше бело лице
На неа, аман на нев;
Дај ми, боже, да се ставам,
Со неа, аман со неа;
Да целивам црни очи
От неа, аман от неа;
Да целивам бело лице
От неа, аман от неа.