Зборник на Миладиновци/ 509 песна

Од Wikisource
508 песна 509 песна

од Браќа Миладиновци
510 песна
на современ македонски правопис.


Ако умрам да не жаљаш
Да не жаљаш, да не плачиш;
Да ме зеиш во скутеи,
Да м' однесиш на гемија
Да ме фрлиш по морето
Ке се сторам морска риба,
Ке ме фатет влакарите
Влакарите, рибарите,
Ке м' истает на ноф пазар;
Ти д' излезиш да ме купиш,
Да ме вариш, да ме печиш,
Ке се сторам праф и пепел,
Да ме збериш в ал шамија,
Та да појдиш во градина,
Тамо да ме испосеиш.
Ке излезам рамн' босиљок,
Што го носет девојките,
Девојките в пазуите;
Ке излезам бело цвеке,
Што го носет јунаците,
Јунаците пот фесои.