Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 508 песна

Од Wikisource
507 песна 508 песна

од Браќа Миладиновци
509 песна
на современ македонски правопис.


Три девојки Бугарки;
Едната ми везеше,
Втората ми предеше,
Tpeкa мајко караше:
„Ке си била, шетала?”
„Мајко ле, не карај ме,
Да кажам ке су' била;
Ја сум била на Дунав,
На Дунав на кулата;
Во кулата имаше
Имаше три дулбери,
Како еден, така други.
Еденот што имаше
На главата фино фефче;
Вториот ми носеше
Широк фустан триста клиње;
Трекиот што носеше
Мор долама, срма елек.
Дај ме мајко за него!”