Зборник на Миладиновци/ 493 песна

Од Wikisource
492 песна 493 песна

од Браќа Миладиновци
494 песна
на современ македонски правопис.


„Стамено, пиле шарено!
Доста ми шета нис село,
Доста ми фашта јарани,
Јарани и побратими.”
Стамена лепо му зборвит:
„А море лудо и младо!
Јас дека шетам нис село,
Јас не си фаштам јарани,
Јарани и побратими,
Тук барам момче за мене.”
„Стамено, пиле шарено!
Ко бараш момче за себе,
Ето ти момче за тебе!”