Зборник на Миладиновци/ 492 песна

Од Wikisource
491 песна 492 песна

од Браќа Миладиновци
493 песна
на современ македонски правопис.


„Не сади, вади, моме, невенот
На двата п'та градина,
Да не ми некој поминит
На двата п'та градина,
Та ти искршит невенот.”
Уште ми речта не рече,
Помина лудо в градина
Потфрли лудо в градина,
Открши мишка невенот.
Моме ми љуто прок'лна:
„Капнала р'ка десница,
Тој што потфрли в градина,
Зашто ми скрши невенот!”
Моме се пишман сторило,
Зашто го лудо прок'лна,
Белки је касмет за мене.