Зборник на Миладиновци/ 494 песна

Од Wikisource
493 песна 494 песна

од Браќа Миладиновци
495 песна
на современ македонски правопис.


Рано ранила бела Румена
На студна вода, шарена чешма,
Тамо ми седет млади ергени,
Ергени седат под жолта дуна,
Ручек ручает, хоро играјат
Хоро играјат, песни си пејат,
Еден ми ерген ручек не ручат,
Пушка си држит, на нишан мерит,
Удри Румена по бело грло;
Падна Румена на црна земја
На црна земја, душа ми берит.